Super Radio Ohrid Description
Супер радио е една од првите приватни радио станици во Република Македонија која работи од 1992 година. Препознатливо е, пред се’, по модерниот радио израз, актуелната музика внимателно селектирана за постарата и помладата популација, но и по информативните содржини, што го прават еден од најцитираните медиуми во западна Македонија. Се емитува програма која ја создава врвна екипа од презентери, Дј-и, новинари, спикери и надворешни соработници на најсовремена опрема што резултира со одличен, лесно препознатлив и моќен сигнал кој допира до слушателите. Објавуваме и кратки локални вести во 07:00, 10:00, 12:00, 14:00 и 15:15 часот. Вестите се 100% од локален карактер и ги третираат проблемите што ја засегаат заедницата. Информативната програма зрачи со сопствен и препознатлив стил на вестите кои се лесни за примање со што не се одделуваат до општиот впечаток за една модерна и динамична Радио станица.
Open up